БИЗНИСМЕНОТ КОСТОВСКИ: На економски план оваа Влада е едно големо paзочapување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И бизнисменот Трифун Костовски е разочаран од економските политики на Владата на чие чело е Зоран Заев и СДСМ. Костовски во своето интервју за Фактор истакна дека корумпиран е целиот систем, правото не важи подеднавко за сите, а истакна дека му пречи и промената името на државата. На економски план според него оваа Влада е едно големо разочарување, потенцирајќи ја славата реализација на инфраструктурни проекти.

-За жал, од која страна и да го гледаме реалниот политички и економски свет во земјава, мора да дојдеме до заклучок дека се е подложно на корупција. Досега можеби корупцијата била на едно скалило, сега е на друго скалило, но, коруптивен е целиот систем. Се додека не се поделат јасно позициите и додека институциите не добијат јасни ингеренции и ослободени буџети кои нема да зависат од Владата, ништо не правиме. Еве на пример, судството, условно кажано, зависи од Владата, односно од тоа колку буџтески пари таа за него ќе одвои, и на тој начин таа го држи блиску до себе. Тоа не е решението. Мора да се воспостави правото и тоа да важи за сите во Република Македонија. А не да биде важечко само за одредени политички пресметки. Тоа е најгрозното нешто што и се случило на земјава. Второ, оваа Влада, точно е дека испорача нешто најспрекрасно, а тоа е што го реши прашањето со името. Иако, мене името С Македонија ме боли и никогаш нема да го ставам во мојот вокабулар, но во меѓународна употреба ќе прифатам да го слушнам. Но, од моја уста нема да излезе. Но, тоа прашање мораше да се реши. Друго ништо не испорача оваа Влада. Особено на полето на економијата, за мене е големо разочарување. Со слабата реализација на капиталните инвестиции, односно изградбата на инфраструктурата, а и во сите други сегменти оваа Влада – падна. И згора на сето тоа, новата креација на буџетот, кој ќе тежи речиси четири милијарди евра, и со нови 300 милиони евра нето-задолжување, навистина е врв на една хипокризија, која што владее во целото наше општетсво. Не знам што со овие пари ќе испорача Владата, вели Костовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This