КОСТОВСКИ ДО ВЛАДАТА: До кога треба да се вработуваат партиски истомисленици за да имаме гласачка машинерија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трифун Костовски во своето интервју за фактор го постави прашањето кое речиси секој еден Македонец си го поставува, до кога треба да се вработуваат партиски истомисленици за да имаме гласачка машинерија.

– Извинете, но дали денеска треба само да вработуваме истомисленици бидејќи претстојат избори, за да имаме гласачка машина? До кога така? Ова што се случува кај нас е нешто страшно. Сите не прават да бидеме подредени на политичките партии и на политичките лидери, гледајќи во нив како единствен спас за нашата егзистенција. Политиката треба да сфати дека таа живее од нас стопанствениците, а не ние стопанствениците од политиката. Но, за жал, работите овде во Македонија се извртени. Не знам до кога ова ќе трае. Нашиот народ изгледа се уште не е толку виспрен, па за да избере лидери кои што ќе знаат што сакаат. Не се ставам себе си тука, како, да не кажам омаловажен од мојот народ. Но, се додека не дојдат личности со интегритет, и со искуство и знаење, ништо не правиме. Лесно е да се биде премиер. Титулата е прекрасна, но тој премиер прво има обврски, а потоа му доаѓаат бенефициите. Прво се обврските. Да се биде министер, директор на државна институција, тоа е обврска, но тоа не го гледа никој. Јас кога бев градоначалник на Скопје, за мене никогаш не беа примарни бенефициите кои јас ги имав како градоначалник, туку за мене таа фукција беше прво обврска, јас да им испорачам на граѓаните, согласно со она колку ќе можам да соберам од нив, и домаќински да ги распоредам тие средства, потенцираше тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This