Бил Гејтс пpeдвидyвa: Koгa живoтoт би мoжeл дa ce вpaти во нормала?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за Wired, Бил Гејтс даде свое предвидување за продолжување на приказната поврзана со коронавирусот. Тој смета дека оваа есен би можеле да се чувствуваме многу понормално.

„Јас би бил шокиран ако има уште значителен број училишта кои сè уште ќе спроведуваат учење на далечина. Сè уште треба да го добиеме нивото на прифаќање на вакцините во заедници со ниски примања. Треба да покажеме дека нашите најпаметни луѓе се вакцинираат и дека вакцината е ефективна. Но, дури и „ако добиеме повисоко ниво на вакцинација, нема да се вратиме целосно на стариот пат. Во остатокот од светот, можеби на крајот на 2022 година ќе се постигне ваквата вакцинација”, рече Гејтс како што објави порталот СЕЕбиз.

Тој зборуваше и за климатските промени, наведувајќи дека најмногу го загрижува политичката волја за решавање на проблемот. Тој објаснува дека големите индустрии треба да бидат принудени драматично да ја менуваат сопствената инфраструктура. Тој смета дека емисиите на гас во сегментот на автомобили и возила ќе се сведат на нула во следните 15 години, па затоа електричните автомобили ќе стануваат се повеќе достапни.

Но, Гејтс истакна дека борбата против климатските промени е многу потешка.

Тој смета дека емисиите на гас во сегментот на автомобили и возила ќе се сведат на нула во следните 15 години, а причината е што електричните автомобили ќе станат подостапни.

Исто така, бидејќи цената на електричните автомобили ќе падне, станиците за полнење на такви автомобили ќе станат подостапни, па самото време на полнење ќе се скрати на приближно 15 минути.

Коментирајќи го проблемот со прекумерна потрошувачка на електрична енергија, што е последица на рударството со криптовалути, Гејтс рече дека неговата критика кон биткоинот не е насочена кон неговата голема потрошувачка на електрична енергија.

„Верувам во дигитални валути за пониски трансакциски трошоци, а биткоинот не го стори тоа затоа што не можете да го заработите. Овие момци со биткоин не направија ништо, можеби со откуп за киднапирања”, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This