Бил Гејтс со добра вест, но и со предупредување за новата 2021

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачот на „Мајкрософт“ и американски милијардер Бил Гејтс изјави дека оваа година е страшна, но тој верува дека ќе добиеме добри вести во 2021 година, што е на само неколку дена од нас.

– Повеќе од 1,6 милиони луѓе починаа за време на пандемијата на коронавирусот, над 75 милиони луѓе беа заразени, а економската штета се проценува на десетици трилиони долари. Милиони луѓе останаа без работа и имаат големи проблеми со плаќањето на сметките, а повеќе од милијарда деца го немаат клучното време на училиште за да се стекнат со образование. Соединетите држави беа сведоци на ужасните убиства на Џорџ Флојд и Бриона Тејлор оваа година, погубни пожари во шумите и претседателски избори кои досега не биле видени во модерната ера, напиша Гејтс во својот блог „Gates notes“.

Сепак, тој тврди дека работите ќе се подобрат во 2021 година.

– Сепак, следната година ни пристигнуваат добри вести. Поголемиот дел од 2020 година го поминав со колегите во Фондацијата Гејтс ширум светот за начини за тестирање, лекување и спречување на КОВИД-19. Кога размислувам за брзината на научниот напредок во 2020 година, јас сум зачуден. Човечката раса никогаш не постигнала толку многу напредок кога станува збор за лекување на која било болест за една година, како што направи светот во борбата против КОВИД-19 – објасни Гејтс.

– Под нормални околности, правењето вакцина може да трае и до 10 години. Овој пат, за помалку од една година се создадени повеќе вакцини против вирусот – посочи тој.

Гејтс, сепак, верува дека и покрај ваквиот напредок, луѓето сè уште се изложени на ризик од пандемија на коронавирус.

– Компјутерските модели предвидуваат дека пандемијата може да биде уште полоша во следниот месец. Исто така, треба да научиме повеќе за новиот вид на коронавирус што се појави, откако се чини дека се шири побрзо, но не е толку смртоносен – објасни основачот на „Мајкрософт“.

Американскиот милијардер, и покрај тоа што најави дека е можно влошување на состојбата со короната, верува дека постојат две главни причини зошто луѓето треба да имаат надеж дека работите ќе се подобрат.

– Првата причина е што маските, социјалното дистанцирање и другите мерки можат да го забават ширењето на коронавирусот и да спасат животи додека вакцините се доставуваат низ целиот свет. Друга причина зошто треба да се надеваме е дека пролетта 2021 година, вакцините за коронавирус и третманите за кои читаме во вестите ќе бидат толку раширени што ќе имаат влијание врз светот – рече Гејтс.

– Иако сè уште треба да бидеме рестриктивни кога станува збор за, пример, јавни собири, бројот на смртни случаи нагло ќе се намали. Барем во богатите земји, животот ќе биде поблизу до нормалното отколку што е сега – посочи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This