Бил Гејтс co нoвa пpoгнoзa: Eвe кoгa ce ќe зaпoчнe дa ce вpaќa вo нopмaлa пo пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бил Гејтс, основачот на “Мајкрософт” и еден од најбогатите луѓе во светот, очекува дека состојбата во САД ќе се нормализира до пролетта следната година по пандемијата на коронавирусот.

Тој повторно повика на почитување на епидемиолошките мерки.

“Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако навистина не го сфатиме сериозно нашето однесување“, рече Гејтс.

Тој посочи дека само соодветно однесување може да придонесе за сузбивање на пандемијата. Тој истакна дека затоа е потребно дополнително да се намали бројот на физички контакти и да се носи заштитна маска.

Тој верува дека медицинските третмани и како што рече, неверојатните вакцини ќе ја подобрат состојбата.

„До пролет, бројот на заразени во САД ќе биде таков што ситуацијата ќе започне драматично да се менува и ние ќе се вратиме во нормала“, рече тој.

Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина за коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This