Бил Гejтс најави кога ќе 3aврши пандемијата на KOBИД-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата КОВИД-19 ќе заврши – во најдобар случај, во 2022 година. Ова е прогнозата на милијардерот и основач на Мајкрософт Бил Гејтс.

Според него, ако пристапот кон инфекцијата е глобален, неговото ширење треба да се намали следната година.

Тој исто така предвидува дека доколку вакцинирањето против коронавирус започне во САД на почетокот на 2021 година, ситуацијата во земјата ќе се врати во нормала до летото.

Во интервју за Фокс Њуз, Гејтс рече дека целосното закрепнување ќе биде можно до крајот на следната година, ако Соединетите држави им помогнат на другите земји.

Тој е оптимист дека борбата против КОВИД-19 нема да трае вечно, бидејќи светот има на располагање и технологија за развој на вакцини и финансирање и специјалисти.

Гејтс исто така рече дека нивото на вакцинација во светот за време на пандемијата паднало за 14%, додавајќи дека тоа го уништило напредокот постигнат во изминатите 20 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This