April 28, 2024, 11:12 am

Бионтек и Фајзер плaниpaaт дa гo згoлeмaт пpoизвoдcтвoтo нa вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската лабораторија „Бионтек“ соопшти дека во 2021 година планира да произведе 2,5 милијарди дози вакцини развиени во соработка со американскиот „Фајзер“, што е за 25 проценти повеќе отколку што беше најавено.

Производствениот капацитет треба да се зголеми благодарение на оптимизацијата на производствениот процес, проширувањето на производствената мрежа и одобрувањето да се добијат шест дози вакцина од едно шише, објасни компанијата во соопштението.

Заедно со својот партнер, до 23 март доставија повеќе од 200 милиони дози ширум светот.

Минатонеделната хомологација на нова фабрика во јужна Германија, во Марбург, треба да придонесе за зголемување на капацитетот. Фабриката во Марбург, на околу сто километри од Франкфурт, е втора фабрика што произведува вакцини на „Бионтек/Фајзер“ во Европа, по онаа во Пурс, Белгија.

– Вакцината, прва одобрена во САД и Европската унија, сега се користи во повеќе од 65 земји и територии. Веќе ги забележуваме првите знаци на пад на случаи со Ковида-19 и смртност во повеќе земји, изјави Угур Сахин, директор и коосновач на компанијата, со седиште во Мајнц, во западна Германија.

Тој додаде дека лабораторијата сега се фокусира на варијанти на вируси и дополнителни клинички испитувања.

„Во март започна тестирање на вакцината кај деца на возраст од 6 месеци до 12 години. „Бионтек“ има нарачки за испорака на 1,4 милијарди дози оваа година и очекува побарувачката да се зголеми“, се вели во соопштението.

Германско-американската компанија има три производствени капацитети во САД.

Европската агенција за лекови (ЕМА) неодамна одобри складирање на вакцината на температура во замрзнувач, која е повисока отколку што претходно беше потребно, што ја олеснува нејзината дистрибуција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This