Битиќи очекува оkpyпнување на парламентарното мнозинство по средбата 3aев – Гаши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска ќе се случи окрупнувањето на парламентарното мнозинство, т.е. коалициското мнозинство која што ќе ја предводи нашата влада наредните 2,5 години до редовните избори, очекува вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, коментирајќи ја средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на Алтернатива Африм Гаши во Клубот на пратеници.

– Ние сме само носители на функции на кои ни е дадена чест да им служиме на нашите граѓани. Политичките одлуки се тие кои што ни ја дале можноста. Јас сум отворен за било која одлука што ќе дојде и пак ќе потврдам носителите на функции треба да се таму за да дадат одредени резултати, затоа што резултатите се потреба на граѓаните, истакна Битиќи на новинарско прашање за можната реконструкција на Владата.

И министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска изјави дека воопшто не е битно какви ќе бидат персоналните решенија, туку само да бидат одговорни, вредни и чесни луѓе.

– Важно е на министерските позиции да седнат луѓе кои ќе бидат со личен интегритет, кои ќе бидат одговорни и кои вредно ќе работат во интерес на граѓаните, затоа што на крајот на краиштата секоја влада е избрана за да ги адресира проблемите на граѓаните и општеството, рече Шахпаска.

Битиќи и Шахпаска денеска присуствуваа на отворањето на Центарот за поддршка на социјални претпријатија и на првиот Национален саем за социјални претпријатија во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This