Полскиот претседател лично ќе се заложел да се најде решение во спорот со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се надевам дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција, став во поглед на пристапувањето на Републикa Македонија во ЕУ Доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно, односно каже „не“ за влезот на Македонија јас лично ќе истапам и ќе се заложам за изготвување документ за полесно да се справите со прашањето за влез во ЕУ, вели полскиот претседател Анджеј Дуда.

-Република Бугарија е се уште во изборен процес и се уште новата влада таму не е формирана и се очекуваат во наредниот период резултати од целиот тој изборен процес. Се надевам дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција, став во поглед на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Република Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже НЕ за влезот на Македонија јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ, рече Дуда на новинарско прашање на заедничката прес конференција во Скопје со неговиот домаќин Стево Пендаровски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This