Богоев: Во моментов нeмaм амбиции да го преземам СДCM

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Моите информации велат дека ќе се менуваат пет министри и евентуално еден вицепремиер, за да биде реконструкција на владата“, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев, во вчерашниот дебатен магазин „КликПлус“ на ТВ21.

Околу можноста за влез на Алтернатива на Африм Гаши во Влада на местото на БЕСА, Богоев со мислење:

„Коалицискиот партнер потенцијален кој што треба да влезе со четири пратеници, прилично извесно ќе добие министер во владата. На кое министерство, ќе биде соопштено дополнително. Не смеете да менувате повеќе од 1/3 од Владата, тогаш паѓа владата“.

Запрашан кој би можел да биде нов претседател на СДСМ и дали тој е меѓу можните, Богоев рече:

„Во моментов немам амбиции да го преземам СДСМ. Не би лицитирал со имиња. Приоритет во моментов е стабилизација на мнозинството и продолжување на интеграциски процеси, менаџирање на енергетска и здравствена криза и решавање на бугарското прашање. Во перидоот кој што доаѓа ќе се изнаслушаме голем број на приказни, комбинаторики“, рече Богоев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This