April 27, 2024, 10:32 am

Бонус од 1500 евра за здравствените работници во германскиот јавен здравствен систем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан предвидува 1.500 евра бонус за повеќето луѓе кои работат во германскиот јавен здравствен систем.

Според медиумите од групацијата „Функе“, германската Влада ќе издвои вкупно 450 милиони евра за оваа намена, јави Бгнес. Премијата ќе биде исплатена не само на медицинскиот персонал, туку и на други луѓе кои работат во болници како што се хигиеничари. Слични бонуси беа доделени на медицинскиот персонал во септември.

– Вториот бран на пандемијата доведе до уште поголем притисок врз многу болници и луѓето кои работат таму, рече Шпан. Затоа, тој смета дека несебичната работа на овие луѓе да им помагаат на пациентите со Ковид-19 треба да биде наградена со дополнителен финансиски бонус.

Според предлогот на министерот, болниците мора да ги платат овие премии до крајот на јуни, а за нивната распределба ќе одлучува секоја здравствена установа за себе – најмногу во зависност од тоа кој медицински персонал и друг персонал биле особено зафатени поради пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This