Кина им возврати на САД: Вашингтон да пpecтане да се меша во внатрешните работи на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен го предупреди Пекинг дека Америка „ќе ја смета Кина за одговорна“ за своите постапки, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Кинеската страна пак, го повика Вашингтон да ги исправи своите грешки и да не се меша во внатрешните работи на земјата.

„Кина ги повикува Соединетите држави да ги исправат грешките направени неодамна, да се фокусираат на соработката, на решавање на несогласувањата и да придонесат за здрав и стабилен развој на американско-кинеските односи“, рече Јанг, јавува Кинеската централна телевизија.

Тој исто така ги повика Соединетите држави да развијат билатерални односи, засновани врз принципите на заемно почитување, заемно корисна соработка и отсуство на конфронтација.

Кинескиот претставник исто така рече дека Кина нема да толерира никакво надворешно мешање во нејзините внатрешни работи.

„Соединетите држави треба строго да го почитуваат принципот една Кина и одредбите од трите заеднички изјави на САД и Кина. Мешањето во работите на Хонг Конг, Тибет и Ксинџијанг е еднакво на мешање во внатрешните работи на Кина и нема да толерираме никакво мешање однадвор“, рече Јанг.

Тој исто така посочи дека сите обиди за клевета или оцрнување на Кина ќе пропаднат, земјата ќе продолжи решително да ги штити своите суверенитет, безбедносни и развојни интереси.

Тој додаде дека Кина и Соединетите држави треба да ги почитуваат меѓусебните основни интереси, политичките системи, како и патеките на развој избрани од народите на тие две земји.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден објави дека Кина е главниот ривал на Соединетите држави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This