Британската влада – Независноста и суверенитетот се вратени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската влада денес објави дека со постигнатиот трговски договор со ЕУ, Велика Британија презеде контрола над своите пари, граници, закони, трговија и риболов.

Од Даунинг стрит им беше кажано на граѓаните дека имаат договор.

“Договорот е фантастична вест за семејствата и деловните луѓе во сите делови на Велика Британија. Го потпишавме првиот трговски договор заснован на нула тарифи и нула квоти некогаш постигнати со ЕУ. Постигнавме голема работа за цела Велика Британија за рекордно време и во многу предизвикувачки услови”. изјави извор од британската влада.

Во соопштението понатаму се наведува дека договорот исполнува сè што и беше ветено на јавноста на референдумот во 2016 година и дека договорот гарантира дека Велика Британија повеќе не е обврзана со правилата на ЕУ и дека се постигнати сите црвени линии околу враќањето на суверенитетот.

„Ова значи дека ќе имаме целосна политичка и економска независност на 1 јануари 2021 година. Имиграцискиот систем ќе ни даде целосна контрола врз тоа кој ќе влезе во Велика Британија и ќе заврши слободното движење“, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This