БРИТАНСКАТА ДOKTOPKА САРА ЈАРВИС ТВРДИ: Ако ги имате овие три симптomи, немате нacтинka, имате KOBИД-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со обична настинка, тежок замор и проблеми со дишењето ретко се појавуваат.

Британската докторка Сара Јавис тврди дека тоа не е невозможна мисија, особено кога станува збор за разликување помеѓу настинки и Ковид-19.

Течење на нид, затнат нос и воспалено грло се многу поретки кај коронавирусот отколку кај настинките. „Ако ги имате овие симптоми и немате треска, нова континуирана кашлица (трае повеќе од еден час или три значајни напади за 24 часа) или губење на мирис и вкус, не треба да бидете тестирани за Ковид-19“, објаснува таа.

Д-р Јaрвис тврди дека симптомите се појавуваат во просек пет дена откако сте биле изложени на вирусот, иако ова може да варира, па симптомите може да се движат од два до 12 дена откако ќе стапите во контакт со вирусот на кој било начин.

Докторката исто така истакнува дека со обична настинка, ретко се јавува тежок замор и проблеми со дишењето, што најмногу го чувствуваат заразените со Ковид-19.

„Општо земено, затнат нос, кивање и течење на носот се повеќе карактеристични за настинка, а симптомите може да се појават 2-3 дена по изложувањето, да траат само неколку дена и обично да бидат благи“, додаде таа, советувајќи да контактирате со лекар ако за неколку дена симптомите не почнуваат да исчезнуваат или да се влошуваат.

Таа исто така истакна дека е важно да се работи на зајакнување на имунитетот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This