(Фото+Видео) Хaoc и дpaмa вo Англија пopaди кapaнтинoт: Лyѓeтo бeгaaт вo бecкoнeчни кoлoни, пpeд пaбoвитe илjaдници пиjaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По Ирска и Франција, Англија започнува со вториот карантин за своите 56 милиони жители со надеж дека ќе го спречи брзото ширење на Ковид-19, бидејќи е земја со најмногу починати во Европа: 48.000 смртни случаи.

Продавниците што не продаваат прехранбени производи ќе мора да се затворат, а угостителските објекти ќе можат да вршат само деливери. Училиштата, пак, остануваат отворени.

За да се смири загриженоста, британскиот премиер Борис Џонсон ветил дека затворањето ќе заврши на 2 декември, но лудилото се случило ноќта пред локдаунот.

Бегајќи од Лондон пред да биде затворен на полноќ, десетици илјади возачи се нашле на улиците предизвикувајќи невиден сообраќаен метеж и колони од неверојатни 2.000 километри кои се протегале низ градот, со што се случил хаос на патиштата предизвикувајќи неколку сообраќајни несреќи.

Видео линкот може да го погледнете тука.

Покрај возачите кои бегале од градот, во колоната биле и оние кои заминале да го направат последниот шопинг, а имаше и такви кои отишле со друштвото во кафулињата за да ја испијат последната чашка алкохол пред локдаунот да стапи на сила.

Низ целата земја групи луѓе се собирале по баровите и пабовите кои ги намалија цените на пивото за да не мора да ги истураат по затворањето.

Големата гужва и забавите од претежно помладата популација пред пабовите кои морале да ги затворат вратите во 22 часот биле следени од полицијата, а некои биле уапсени, пишува „Дејли Мејл“.

„Не само што ги нападнаа полицајците кои се обидуваа да ја растераат толпата, туку ги прекршија мерките за Ковид-19, стотици пиеја алкохол, се мешаа со луѓе од други друштва и ја игнорираа социјалната дистанца“, изјавил главниот инспектор на Мерсисајд, Гери О’Рурк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This