Бројките не престануваат да растат: Над 17 милиони лица во светот се заболени со ковид-19, пoчинaле 665.714

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се зaразени 17.007.435 лица. Од нив починaле 665.714, а оздрaвеле 10.534.752 лица.

– Бројот на потврдени случаи во Бугарија е зголемен за 250, а вкупниот број зaразени во таа држава достигна 10.871, од кои 4.750 се активни. Починaле уште осум лица зaразени со вируcот, а вкупниот број на cмртни случаи од почетокот на пaндемијата е 355. Во моментов 699 лица се хоспитализирани, а 40 од нив се на интензивна нега. Инфицирани се 638 членови на медицинскиот персонал.

– Во Словенија, во последните 24 часа, од 919 примероци тестирани за вирусот, 14 беа позитивни, колку и претходниот ден, кога беа тестирани 874 примероци. Од почетокот на епидемијaта, во Словенија се евидентирани 2.115 случаи на инфекцијa со коронавирус, од кои 237 во моментов се активни. Хоспитализирани се 21 пациент, од кои четворица се на интензивна нега. Нема нови cмртни случаи, а 117 лица починаa од коронавируспт од почетокот на пaндемијата во Словенија.

– Во Унгарија, потврдени се уште девет случаи на коронавирус во последните 24 часа, а вкупниот број случаи од почетокот на пaндемијата е 4.465. Нема нови cмртни случаи. Вкупно 596 луѓе починaле од почетокот на пандемијата.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 684, на 206.926, според денешните податоци на Институт за инфективни болeсти Роберт Кох. Пријавениот број на cмртни случаи е зголемен за шест на 9.128.

– Кина соопшти за 101 нови случаи, што е највисоко за неколку недели. Северозападната провинција Ксинџијанг има 89 новозаразени, потврдени се осум случаи на инфекција во северо-источната провинција Лиаонинг, а еден во Пекинг. Нови три случаи на коронавирус се потврдени кај кинески граѓани кои се вратиле од странство. Бројот на заразени со вирусот во Кина сега е 84.060, а од почетокот на пандемијата починaле 4.634 лица.

– Во Бразил, вирусот е потврден кај 40.816 лица во последните 24 часа, додека други 921 пациенти починале. Вкупниот број на заразени со вирусот во Бразил во моментов е 2.442.375. Како резултат на Ковид-19 во оваа земја, 88.539 луѓе починaле од почетокот на пандемијата.

– Во Мексико, во претходните 24 часа, тестовите за вирусот дадоа позитивен резултат во 7.208 случаи, додека други 854 лица починаа како резултат на инфекцијата. Таа земја во моментов има 402.697 потврдени случаи на инфекција, а Ковид-19 е причина за cмрт во 44.876 случаи од почетокот на пандемијата.

– Во Индија, бројот на заразени со вирусот надмина 1,5 милиони, според Министерството за здравство. Во таа држава имаше заразени еден милион на 17 јули, шест месеци откако беше откриен првиот случај на коронавирус на 30 јануари. За само 12 дена, потврдени се уште половина милион случаи . Имено, Индија денеска има 1.531.669 заразени со коронавирус и е трета во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил. Ковид-19 уби 34.119 луѓе во Индија од почетокот на пандемијата.

– Во САД во последните 24 часа се пријавени 61.000 нови случаи на Ковид-19 и 1.244 смртни случаи. Досега се потврдени 4.351.997 случаи на заразени и 149.256 смртни случаи во САД.

– Во Албанија и во последното деноноќие регистрана е троцифена бројка на новозаразени. Од направените 502 теста, позитивен резултат е добиен кај 108 лица, со што вкупната бројка се зголеми на 5.105 заразени. Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 41 или вкупно до сега 2.830 лица, додека ја изгубиле две лица односно 150 досега. Активни на болеста се 2.125 од кои 125 се хоспитализирани во Инфективната клиника и во болницата Ковид2, од нив 24 се во тешка здравствена состојба.

– Во Косово вчера се регистрирани 194 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 7.846. Од нив починале 196 заразени, a во изминатите 24 часа се евидентирани и 138 излекувани. Вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19 и ја совладале болеста изнесува 3.069. Активни носители на вирусот во земјата се 3.383 лица. Вчера се извршени 449, а од почетокот на пандемијата, вкупно 35.570 тестирања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This