Бројот на пoчинaти по вакцината во Норвешка се искачи на 29

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Норвешка изрази загриженост за безбедноста на вакцината од производителот Фајзер кај постари лица со сериозни здравствени состојби, откако бројот на оние кои починаа веднаш по апликацијата од 23 се зголеми на 29. Лицата се на возраст од над 75 години.

Во Норвешка досега е дадена најмалку една доза од вакцината на околу 42.000 луѓе, пред се на оние кои се сметаат за најмногу изложени на ризик доколку заболат од вирусот, вклучително и постари лица. Наодите ја поттикнаа Норвешка да сугерира дека вакцините против Ковид-19 може да бидат премногу ризични за многу старите и тешко болни.

Норвешкиот институт за јавно здравје суди дека „за оние со најтешка слабост, дури и релативно благи несакани ефекти од вакцината може да имаат сериозни последици. Како и да е, за оние кои се пред крајот на животниот век, придобивките од вакцината може да бидат незначителни или ирелевантни.

Фајзер и БионТек соработуваат со норвешкиот регулатор во истрагата на смртните случаи во Норвешка, од од фармецевтските компании укажуваат дека бројот на инциденти досега не е алармантен и е во согласност со очекувањата.

-Ние сме свесни дека смртни случаи се пријавени и во други земји, но сè уште немаме целосни детали за тоа, велат од норвешката Агенција за лекови.

Норвешката агенција за лекови објави, пред вакцинацијата, дека при вакцинирање на најстарите и најболните, се очекува смртта да се случи во временски поврзан контекст со вакцинацијата.

-Ова не значи дека постои каузална врска помеѓу вакцинацијата и смртта. Исто така, во врска со пријавените смртни случаи, пренесевме дека е можно заедничките и познати несакани ефекти на вакцините да биле фактор што придонесува за сериозен тек или фатален исход, велат од норвешкатаАгенција за лекови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This