Бугарија ja фpycтpиpa цeлa Европска Унија co 6лoкaдaтa зa Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската блокада поради билатерален спор со Македонија ја фрустрира цела Европска Унија, изјавил висок дипломатски извор на ЕУ на денешниот брифинг со новинарите дописници во Брисел.

Како што јавува МИА од Брисел, и покрај сите дипломатски обиди, Бугарија не попушта за непринципиелното вето што ѝ го поставува на Македонија, поради што целата дискусија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е отстранета од дневниот ред на министрите за европски работи утре во Брисел. Ова ја вклучува и Албанија која се надеваше на некаков напредок во однос на својата преговарачка рамка со ЕУ.

„Германското претседателство е фрустрирано што не беше возможно да се постигне напредок за преговарачката рамка со Македонија. Направивме сѐ што можевме, вклучително и олеснување на компромис помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Не сме задоволни што Бугарија ги блокира пристапните преговори поради билатерални прашања со Македонија, поради ова земјите членки сметаат дека не може да се напредува ниту со Албанија“, изјавил висок дипломатски извор на ЕУ пред утрешниот министерски состанок.

Според дипломатите „нема светло на крајот од тунелот“ во однос на деблокирањето на преговорите со Македонија, бидејќи Бугарија не попушта за билатералниот спор, со што се создаде целосна блокада во Советот во однос на проширувањето.

Дипломатите во ЕУ не очекуваат напредок до крајот на германското претседателство, а лидерите на ЕУ вo четврток и петок во Брисел „нема да имаат време да се занимаваат со проширувањето“, бидејќи агендата е „веќе преполна“.

Проширувањето можеше да биде „успехот“ на германското претседателство во оваа кризна година за ЕУ, но поради Бугарија, Берлин најверојатно ниту ова нема да може да го приложи како постигнување, коментираат дипломатите во Брисел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This