(Видео+Документи) Поткyпoт зa лицeнцa зa „TE-TO“ зaвpшиa кај Mиjaлков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ивица Стојановски еден од 2700-те оштетени акционери во „Топлификација“ во „Тешки муабети“ говорејќи за криминалот во „ТЕ-ТО“ проговоре и за разочарувањето од македонското правосудство поточно од Вилма Русковска шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Тој истакна дека очекувал во обвинителството да сретне типови од калибарот на Сашо Мијалков, но наместо политичари и мафијаши сретнал дрвокрадци.

-Кога ние го поднесуваме во ОЈО бидејќи ова се работи за навистина организиран криминал, Вилма Русковска го држи цела година, ништо не се сработува дури ние со директорот одиме да видиме до каде е работата. Обвинителката која што го работи предметот е Ивана Трајчева. Дури кога одиме таму карши нас седнуваат тројца млади Ром кој краделе дрва, јас мислев дека во Обвинителството за организиран криминал ќе сретнам луѓе од типот на Сашо Мијалков, политичари или бизнисмени, а не тројца млади Роми на кои адвокатката им вели да не се грижат оти биле бичкаџии на дрво. Еве со каква работа се занимаваат во ОЈО, вели Стојановски.

Говорејќи за перењето на пари во „ТЕ-ТО“, Стојановски ја спомена сумата од 6,2 милиони евра исплатени за консултантски услуги во 2012 година. Пари за кои тој се сомнева дека дел завршиле за купување акции во „Топлификација“, а дел за подмитување на македонски политичари.

-Овие 6.2 милиони евра се исплатени во 2012 година за консултантски услуги. Во истата 2012 години за 3.7 милиони евра се купуваат акции од „Топлификација“ значи истава оваа оф шор компанија која е газда на „ТЕ-ТО“ купува акции во „Топлификација“ во износ на 3,7 милиони евра. Ние се сомневаме дека тие пари се искористени за да се купат акции за да се превземе „Топлификација“. Практично руската фирма има 16.4 посто од акциите, меѓутоа уште една работа се случува во 2012-та, на „Топлификација“ и се одземаат лиценците, нападната е преку Регулаторна комисија за енергетика и направени се огромни штети кои што „Топлификација“ докажува дека се 16 милиони евра и за тоа има тужба на македонските судови. Во тој напад се одземаат лиценците на „Топлификација“ и се даваат на БЕГ фирма која е формирана веднаш пред давањето на лиценците, формирана за 5 илјади евра како консултантско друштво без основни средства, без вработени, а добива лиценца за греење на Град Скопје. Меѓутоа вработените од „Топлификација“ контролираат 16 проценти од акциите, со тие 16 што Русите ги купуваат доаѓаат до контрола од 32 на акциите на „Топлификација“. На 31.12.2012 сите вработени од „Топлификација“ преоѓаат во БЕГ и тогаш АВРМ не слави Нова Година до сабајле ги префрла вработените во БЕГ. Тоа е епска акција која што се прави во една ноќ, вели Стојановски.

Љупчо Палевски пак директно го посочи Сашо Мијалков како лицето каде завршуваат дел од парите од овој консултантски договор.

– Мијалков е присутен со кеш при добивањето на лиценца на ТЕ-ТО за производство на електрична енергија. Ликот Дон Мијале кај него завршиле останатите 2,5 милиони евра од консултантскиот договор, вели Палевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This