Бугарската национална телевизија ќе развива добрососедски односи со Македонската радио телевизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската национална телевизија (БНТ) ќе развие добрососедски односи со Македонската радио телевизија (МРТ). Ова го објави генералниот директор на БНТ. Емил Кошлуков во својот Фејсбук профил.

„Во име на БНТ, ќе испратам писмо до МРТ за да им понудиме на нашите колеги во јавната телевизија во Скопје меѓусебна соработка. Верувам дека ова е наша улога, да придонесеме за разбирање преку заеднички продукции, преку заеднички преноси и врски меѓу нас“, напиша Кошлуков.

Кошлуков потсети дека ова е дел од неговиот концепт и политика како извршен директор „за подобрување и продлабочување на нашите односи со соседните земји“.

„Ние сме премногу изолирани и многу малку знаеме за нашите соседи“, рече тој.

БНТ веќе развива таква соработка со турските и грчките јавни медиуми, рече Кошлуков. Тој додаде дека Македонија, Србија и Романија се следните земји со кои трендот ќе продолжи.

Темите од овие земји треба да бидат присутни почесто и во поголем обем на БНТ, рече тој. И првиот чекор е да се создаде механизам за размена на тековни информации.

„Не можеме да најдеме дописнички канцеларии, тоа е многу скапо. Би сакал нивните репортери да работат за нас по нарачка. И нашите да работат за нив. Да разменуваме извештаи, наместо да испраќаме луѓе на службено патување и со тоа да заштедиме трошоци. Испраќам три прашања по мејл до Заев или Вучиќ, тие ги испраќаат до Бојко Борисов или Томислав Дончев. Ние ги поставуваме овде, а тие таму“, даде пример Кошлуков.

Тој исто така рече дека ќе има слична соработка и во областа на копродукциите. Наскоро ќе бидат потпишани документи за развој на проекти во оваа област – со заеднички буџети.

„Ако собереме Бугари, Грци и Македонци, можеме лесно да направиме серија за „Солунските атентатори“. Со буџет меѓу трите телевизии“, сонува Емил Кошлуков.

Особено во случајот со Македонија, генералниот директор на БНТ смета дека е должност на двата јавни медиуми да работат на намалување на напнатоста и омразата меѓу двете соседни земји. И тоа братски, додаде тој.

„Додека политичарите одлучуваат за политички прашања, историчарите разговараат за теми од историјата, ние можеме да правиме културна политика. И тоа се филмови, емисии, телеконференции, учества од студиото во Софија и Скопје. И тогаш ќе почнеме да зборуваме. Не знам дали е добро или лошо. Кога зборувате со некого, потешко е да го пцуеш лице в лице отколку на Фејсбук. Знам од искуство“, коментира Кошлуков.

Националността, както добре знаем, е въпрос на самоопределение. Така правим и преброяването, сами си казваме какви се…

Posted by Емил Илиев Кошлуков on Tuesday, December 8, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This