Пендаровски најави pecтрикции: „Без полициски час, само препораките не помагаат“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пендаровски во денешното гостување во на Дневникот на Сител во врска со справувањето со пандемијата на ковид-19, изјави дека мерките не се доволни, и дека ќе мора да се воведат построги рестриктивни мерки.

Од тоа што го гледам во развиените западни држави, тие веќе почнаа со порестриктивни мерки, почнаа со размислување за порестриктивни мерки и веројатно дел од нив ќе се аплицираат многу брзо, бидејќи кај нив Божик почнува порано отколку кај нас. Се разбира дека тие олабавуваат дел, за да може и тој битен потрошувачки дел од економијата малку да поработи подобро и да добие повеќе приходи во буџетот, меѓутоа не само заради тоа. Прво, не можете сосема да ги затворите луѓето дома со полициските часови што ги имавме март, април, мај. Но, некакви рестрикции ќе мора да има, затоа што е очигледно дека без полициски час, само препораките кај нашиве луѓе не помагаат, изјави Пендаровски

Тој изјави и дека не е задоволен од тоа како функционира целиот систем за кризен  менаџмент и најави дека прва работа која ќе ја иницира откако ќе заврши се ова на почетокот на 2021 година е да се направи сериозна анализа на пропустите кои ги имавме.

– Никој не знае дали следната пандемија не е можеби зад првиот свиок или не знам каква друга елементарна непогода. Ние мораме тој систем за одговарање на кризи да го кренеме на далеку повисоко ниво, додаде претседателот Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This