April 27, 2024, 10:19 am

Ѓорѓиев: Придавката македонски и Цар Самоил ја блokираа работата на Историската комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последната средба на македонско-бугарската комисија, која се случи пред неколку дена „он-лајн“ беше „фијаско“. Барем така беше окарактеризирана од страна на членовите, односно како „нула“ и дека нема мрдање од точка.

Драги Ѓорѓиев, копретседавачот на македонско-бугарската Комисија, објаснува во „Клик Плус“ на ТВ21 каде се појавиле пречки. Ѓорѓиев рече дека постојат две пречки.

„Последната средба заглави на две места. Од наша страна претставувањето на Цар Самоил во учебниците да го понудиме, учениците да имаат две перспективи на таа Самоилова држава: дека е наследник на средновековното бугарско царство, но и дека има тези дека е независно Царство. Од бугарска страна се инсистираше да биде само на Царство кое го наследува традицијата на првото бугарско Царство. Тука заглавивме, тие инсистираа само на нивното гледање“, рече Ѓорѓиев, и додаде дека тука нема договор, и дека ќе се продолжи со барање решение.

„Вториот момент е придавката македонски. Ние записниците ги потпишуваме на македонски јазик, тие на бугарски. Тука немаме проблем. Главниот проблем е придавката „македонски“ во самиот протокол. Ја употребуваме ние придавката низ дискусијата, но кога ќе треба да ја ставиме на протокол, имаме проблем. Од седмата средба се појави тој проблем, до шестата немаше“, рече Ѓорѓиев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This