(Видео)АМЕРИКАНЦИТЕ ГО ФОРМИРАА, АМЕРИКАНЦИТЕ ДО PACФOPМИРАА: Донесена одлука да згacнe СЈО, професорот Калајџиев peвoлтиpaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Видно револтиран, професорот по Кривично право, кој меѓу другото беше и потенцијален кандидат за местото на Катица Јанева во Специјалното Јавно обвинителство денес на прес-конференцијата обелодени дека СЈО најверојатно ќе престане со работа, а предметите и пресудите кои се донесени како резултат на обвинителството се ставаат на „тенок лед“ и можно е да бидат анулирани

 

 

„Донесена е одлука да згасне СЈО без да видиме која е вистинската причина за тоа. Тука ниту меѓународната заедница се изјаснува..“ – рече Калајџиев, објаснувајќи дека на состанокот во Министерството за правда на состанокот присуствувале и претставници на Американската амбасада.

„Имаше на состанокот претставници на Американската амбасада, имаше и претставници на Специјалното обвинителство. Сите излегоа на задниот влез. Треба и нив да ги прашате бидејќи очигледно се фактори. Не беше моја идеја да се формира СЈО, беше идеја на Американската амбасада“ – обелодени професорот Калајџиев.

Тој повика и да се избере обвинител кој би ги продолжил предметите, бидејќи со згаснувањето и трансформацијата на СЈО ќе доведе до ситуација да не се завршат започнатите предмети, но и веќе донесените пресуди врз основа на предметите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This