(Видео) ДЕЛЧЕВО СЕКОЈА ГОДИНА ОСТАНУВА БЕЗ ЕДНА ТРЕТИНА ОД НАСЕЛЕНИЕТО: Лебот и ветениот живот Делчевчани го бараат на Запад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата година од Западен Балкан имигрирале 228.000 луѓе во земјите на ЕУ, покажуваат податоците на Еуростат. Само од Македонија во ЕУ лани се иселиле 24.300 луѓе, бројка која пропорционално со бројот на население во нашата држава е огромна и пopaзителна. Иразено во проценти само од Албанија се иселиле повеќе луѓе односно 2,2 проценти, додека за Македонија бројката е 2,1 процент од вкупното население.

Пopaзителната статистика ја потврдија и камерите на Инфомакс во Источна Македонија, поточно во Делчево каде само за еден ден си заминаа на привремена работа во Италија околу илјада делчевчани. Во разговор со превозниците од Делчево дознаваме дека вкупната бројка на сеознски работници кои годинава заминале да работат во Италија е околу 5 илјади делчевчани. На прашањето која е демографијата на граѓаните кои заминуваат на привремена работа во Италија, одговорот беше истиот кој што ни го дадоа анкетираните граѓаните ,, и старо и младо си заминува од Македонија, годините не играат некоја улога”.

“Точно е, само ние превезуваме околу 1.600 работници и тоа само кон Италија. Другите превозници најмалку по толку”, вели превозник од Делчево.

Бројката од околу 5000 илјади сенозски работници само од Делчево значи дека повеќе од една третина од локалното население кое брои околу 18 илјади жители заминува надвор од државата во рок од 1 месец. Освен кон Италија, истокот на Македонија се сели и во други држави.

Да потсетиме дека екипата на Инфомакс пред неколку дена беше во Делчево каде сними анкета со граѓаните на импровизирана автобуска станица. Тој ден од Делчево заминаа 12 автобуси полни со делчевчани кои што не можат да најдат работа во Македонија па среќата си ја бараат надвор од државава.

Тpaopна е целата приказна, на импровизираната автобуска можеше да се забележат мажи кои ги испраќаат своите сопруги, сопруги кои ги испраќаат своите мажи, но и родители кои ги испраќаат своите деца.

Егзодус во Делчево

Во еден ден 12 автобуси полни со луѓе заминаа за Италија на привремена работа.

Posted by infomax.mk on Wednesday, September 4, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This