(Видео)ВО СЛУЧАЈОТ СО „ЕДС“ НА АНЃУШЕВ, МОРА ДА ИМА ИСТРАГА: Вмешани ли се институции како УЈП во кримнал вреден 1.1 милион евра во корист на Кочо Анѓушев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕДС, компанијата на вицепремиерот Кочо Анѓушев е еден од доверителите во стечајната постапка на „Фени“ каде има побарувања од околу 3 милиони евра. Тие пари, Анѓушев злоупотребувајќи ја неговата функција, ги добил, односно ќе ги добие пред сите други доверители кои се ставени во подредена позиција

 

„За таа компанија постоеше и еден договор за пребивање на нејзините побарувања од ‘ФЕНИ’ преку цесија од данокот на додадена вредност.“ – вели Тасева, и додава дека откако е склучен тој договор постои извршување, односно барање за предлог за извршување и кој што бара преку извршители да си го наплати долгот.

„Токму тој акт го става ЕДС во поповолна положба од другите. Затоа што со тоа тие се стекнуваат со различно право во стечајната постапка, а тоа значи дека нивните побарувања ќе бидат подмирени 100%, за разлика од другите чии побарувања ќе бидат намирувани процентуално, онака како што ќе определи стечајниот управител, доколку биде прифатен планот  за реорганизација“ – вели претседателката на „Транспаренси Интернешнл“ Слаѓана Тасева.

Таа додава дека, овој скандал е поголем скандал од оној со „Скопје 2014“, имајќи ја во предвид комплексноста на случајот и золупотребувајќи ја фунцкијата, со цел да се стекне со некое право.

Тасева објаснува дека институциите во држава се инструменализирани за исполнување на личните потребни на власта. Според Тасева, државата се уште е заробена, а на повидок нема назнаки дека тоа наскоро ќе се промени.

Анѓушев претходно во медиумите беше обвинет дека врз основа на информација која ја добил од УЈП, дека ќе биде извршен поврат на ДДВ, поднел барње за извршување на долгот преку цесија, 16 дена пред ДДВ-то да биде вратено. Вредноста на овој скандал е 1.1 милион евра.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/326092651545403/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This