(Видео)СВЕДОШТВО НА МАЈКА НА ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ: Јас го воспитав мојот син да си ја сака татковината, него го апсеа како терорист!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тропање, викање, лупање. Не знам како се апси но ние видовме хаос. Тој замина со насмевка, но не знам што се случува со него таму. Затоа и се јавив, револтирана сум од ова што се случува во нашата татковина, за кои ли интереси се работи ова

Во утринската програма на ТВ Сител се јави револтирана мајка на еден од приведените кои се товарат за „тероризам“, поради случувањата на 27 април. Нејзиниот син бил вработен во Собранието на Република Македонија.

-Јас како мајка на мојот уапсен син проверив што значи зборот „тероризам“, затоа што не ми беше јасен тој збор. Слушаме секој ден „терористи“, ама не го знаев вистинското значење на зборот „тероризам“. Кога проверив, прочитав дека терористите се наоружени и напаѓаат а мојот син е вработен во Собранието. Тој беше на работно место на 27 април а денеска е во Шутка. Сакам да слушне целата јавност, јас сум мајка на дете кое сум го воспитала да си ја сака татковината, затоа што мојот татко се бореше за оваа земја, рече мајката на еден од обвинетите.

Мајката на еден од осомничените ја критикуваше и владата затоа што донесе закон за амнестија, кој според неа, е донесен за криминалците да се ослободат од затвор, а затворите да се наполнат со луѓе кои ја сакаат својата земја.

На вести ги слушаме имињата само на пратениците, но не и на другите луѓе кои се во притвор. Сакам јавноста да слушне дека таму има невини деца, како мојот син, кој е затворен затоа што работел во Собрание, затоа што се нашол во моментот таму, вели мајката.

Мајката раскажува и за нехуманиот однос на полицијата при апсењето на нејзиниот син. Како што вели полицијата правела хаос во нејзиниот дом.

– Тропање, викање, лупање. Не знам како се апси, но ние видовме хаос. Тој замина со насмевка, но не знам што се случува со него таму. Затоа и се јавив, револтирана сум од ова што се случува во нашата татковина, за кои ли интереси се работи ова, прашува мајката на притворениот.

Госпоѓата која се јави во утринската програма на Сител вели дека судот ова го работи по нарачка на премиерот заев а тој работи по наредба на некој друг. И додека ова се случува обичните луѓе патат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This