ДЕНЕС ЌЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОБВИНЕТИТЕ ВО „МОНСТРУМ“: Сами Лута, еден од обвинетите за случајот „Монструм“ се очекува да биде ослободен денес, Рауфи очекува ослободување и на останатите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сами Лута, еден од обвинетите за случајо “Монструм”, денес после четири години се очекува да биде ослободен од притвор , известува medial.mk

Лута е меѓу оние кои се обвинети за ужасното убиство што се случи пред неколку години кај Смилковско езеро во Скопје, каде под сомнителни околности згаснаа животите на четири млади и еден постар човек.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, потврди дека одлуката за притворите во случајот Монструм ќе биде донесена во 15 часот.

Според адвокатот Насер Рауфи, Врховниот Суд веќе потврди дека одлуката за притворите во случајот “Монструм” ќе биде донесена во 15:00 часот, но истиот очекува оваа одлука ке беде донесена за сите обвинети, а не само еден од нив.

“Искрено очекувам дека во денешната одлука да бидат опфатени сите обвинети , а не само еден од нив. Конечно заврши играта помеѓу трите судови за тоа кој треба да ја донесе одлука, и ако се донесе одлука за обвинетите во Случајот Монструм, истиот ќе биде ослободен во текот на ноќта некаде околу 17:00 часот, “изјави адвокатот на одбраната за medial.mk Насер Рауфи

За случајот “Монструм”, во притвор се држат Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, кои се во затворот во Идризово. Фејзи Азири, кој се наоѓа во Затворот во Штип и Африм Исмаиловиќ брат Агим Исмаиловиќ од Сингелиќ и Алил Демири од Арачиново уште се во бегство во Косово. Известува Медиал.мк

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This