(Видео) Анкета -„Ценовниот шок не удри по џебот“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако зборуваме за основните производи можеби сме единствената Влада во регионот која во време на пандемија презела мерки во делот на замрзнување на цените и во дел на одредување на маржа и за домашното производство, но и за сите производи кои се увезуваат, вели министерот за економија Крешник Бектеши на последното обраќање до јавноста и новинарите. Според него паралелно на покачувањето на цените на производите треба да се има предвид и покачувањето на платите во земјава.

Со оваа изјава на министерот не се согласуваат дел од граѓаните со кои по случаен избор разговаравме, бидејќи „ценовниот шок го чувствуваат по џебот“. Сметаат дека треба да се превземат интни мерки, бидејќи ценовниот шок кој се уште го нема според министерот, тие го чувствуваат.

И економистот Бранимир Јовановиќ предупредува дека Владата не смее да седи со скрстени раце и да се прави како ништо да не се случува. Поскапувањето на одредени прозиводи како храната и енергенсите особено ги погодува посиримашните.

Во Хрватска еден месец се замрзнати цените на горивата, а во Србија на лебот. Франција и Шпанија воведоа мерки за финансисика поддршка на сиромашните. Во нашата земја минатата година на помалку од 1% инфлација имаше замрзнување, па Јовановиќ не гледа причина зошто да нема на инфлација од 4%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This