Полициcките специjaлци на нозе заради ПАПАГАЛ во Чегране

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани,

Ви пишуваме од ресторанот во Чегране, за кој кружат информации дека немаме дозвола за чување диви животни. Во знак на поддршка, ви ја испраќам дозволата. Целото недоразбирање е предизвикано од папагал кој ни е даден на чување од човек кој заминал во странство. За сите други животни имаме соодветна дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, стои во дописот до медиумите, кој ако го прочитате, ќе видите дека дозволата се однесува и на мајмуни, елени лопатари, лами и пони коњи.

Во соопштението на МВР се вели: – На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Оддел за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителски објект во с.Чегране.

При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи. По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This