(Видео) Вучиќ ja пpими втopaтa дoзa нa вakцинaта пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска беше во посета на Гаџин Хан и Пуковац каде што ја прими и втората доза од вакцината против Ковид-19.

“Ништо не ме болеше, не ни почуствував“, рекол претседателот на Србија после ревакцинацијата и додал дека и е многу благодарен на Кина за помошта и вакцините.

Пред домот за здравје во Пуковац биле собрани голем број граѓани за да го поздрават претседателот Вучиќ, а предвидено е и да разговара со жителите, пренесе Б92.

„Денес ја примив втората доза од вакцината. Немав никакви тегоби. Мнгоу е важно да се вакцинираме сите, да ги почитуваме мерките и да го чуваме својот и животот на своите семејства. Ги замолувам луѓето да бидат одговорни. Имаме доволно вакцини за сите. Им благодарам на нашите пожртвувани здравствени работници,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ првата доза од вакцината против Ковид-19 од кинеската компанија Синофарм ја прими во Рудна Глава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This