Зaeв за олaбaвeнитe мepки зa Вeлигдeн и Бajpaм: Koмиcиjaтa ceкoгaш нoceлa нaвpeмeни и мyдpи oдлyки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ублажувањето на рестрикциите и ослободувањето од полициски час за Рамазан Бајрам и Велигден се мудри одлуки на Комисијата за заразни болести, смета премиерот Зоран Заев.

– Комисијата секогаш работи стручно, навремено и мудро. Тоа се потврдува од мудроста на одлуката, за пред три недели, кога беше стигнато платото на кривата да донесе одлука за ставање на полициски час од 20 часот и затворање на угостителите со цел да ги одмори здравствените работници, но и да помогне во здравствените капацитети. Мудроста во предлагањето, инвентивноста и знаењето имаат свои содржини.

– Нашиот народ 85 отсто е религиозен и драго ми е што Комисијата води грижа за социјалниот живот. Од тој аспект, заедно одржавме и состанок со лидерите на верските заедници, за не само за први мај, Велигден, да го изменаџираме, туку и за предвечерието за Рамазан Бајрам. Пораката ја испративме уште во понеделникот преку Филипче, ако бидеме послушни ќе продолжи и олабавувањето на мерките. Ако се опуштиме и не ги почитуваме мерките ќе има повторно затворање. Можеме да дозволиме достоинствено, во кругот на семејството да се дочекаат празниците, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This