(Видео) Гори српскиот клинички центар во Белград

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што веќе објавија српските медиуми, утрово нешто по 8 часот избувнал пожар во Клиничкиот центар на Србија на улицата Вишеградска, во кој засега нема повредени.

„Во 8.14 часот добивме дојава дека нешто гори во подрумот на Клиничкиот центар, времето на пристигнување било брзо. Пристигнувајќи на лице место констатиравме дека гори просторија од 10 метри квадратни со кабли. Би сакал да напоменам дека сите работници беа евакуирани пред нашето пристигнување.а нема повредени лица“, соопштија од противпожарната единица која учествуваше во гаснењето на пожарот.

Како што дознаваме, човекот кој го одржува болничкиот круг видел огромен чад, повикал пожарна и набрзо пристигнале.

На лице место се 26 пожарникари – спасувачи со пет возила. Никој не е повреден.

Евакуирани се работниците кои работат на градилиштето на Клиничкиот центар.

За среќа, пожарот не бил голем.

Пожарникарите се уште се на терен за обезбедување, а полицијата го обезбедува теренот. Истрагата ќе покаже како избувнал пожарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This