Укpaинците во паниka: Cтpaвуваат од руска нуклeapка во Киев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Врховната Рада (украинскиот парламент), Руслан Стефанчук, гледа „навестувања“ од Русија за можен нуклеарен напад врз Украина.

„До 1991 година Украина го имаше третиот најголем нуклеарен потенцијал во светот. Ние доброволно се откажавме од него и станавме држава без нуклеарно оружје, а денес Руската Федерација, која, се сеќавам, стана гарант за такво разоружување, сугерира дека ако продолжиме со нашето демократско развивање, таа може да ни зададе и нуклеарен удар“, рече тој како што пренесе ТАСС.

Стравувањата од можна руска инвазија на Украина неодамна се зголемија на Запад, а Русија распореди околу 100.000 војници во близина на границите на својот сосед.

Во меѓувреме, украинските војници копаат ровови во близина на границата со Русија по извештаите за распоредување на војници на руската страна. Рововите се на демаркационата линија од 250 милји, објави Радио Слободна Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This