(Видео) Драмата во ГТЦ продолжува: Полициjaта замина без да постапи, Инфомакс сними машини за копање криптовалути

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжува драмата во ГТЦ откако полицијата се повлече по наредба од пред магацинот во кој неофицијално синот на починатиот пратеник, Амди Бајрам копа биткои и други криптовалути преку нелегален приклучок на струја.

Иако полицијата се повлече и запре со постапувањето, новинарската екипа на Инфомакс заедно со своите колеги сними огромен број на машини таканаречени ригови кои се користат за копање на биткои и други криптовалути.

Покрај риговите на локацијата се забележува и друга компјутерска опрема која се користи во процесот на копање на криптовалути.

Неофицијално овој магацин го изнајмува семејството Бајрам, односно Елвис и Габриел Вајрам синови на поранешниот пратеник Амди Бајрам.

Полицијата заедно со неколку инспектори се повлекоа од пред магацинот без да превземат никакви дејствија иако во Македонија е нелегално копањето на криптовалути особено во случај за кој постои сомнеж за кражба на електрична енергија среде енергетска криза.

Помошник министерот за односи со јавност во МВР, Тони Ангеловски. пак не одговара на повиците на новинарите.

Инаки Гарбиел Бајрам е советник во Градот Скопје од редовите на СДСМ.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This