April 30, 2024, 12:44 pm

Кина ја надмина Америка по вкупно богатство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кина ги надмина Соединетите Американски Држави според националното богатство, додека вкупното светско богатство расте, соопшти меѓународната консултантска компанија „McKinsey and Co“.
Богатство на Кина се зголеми драстично во последните две децении и се зголеми колку што е 17 пати, од седум милијарди во 2000 година, на 120 милијарди долари во 2020 година, се вели во анализа на добро позната консултантска компанија, извештаи „Блумберг“.
Вкупното светско богатство исто така се зголеми, од 160 трилиони во 2000 година на 514 трилиони долари во 2020 година.
Извештајот анализира 10 земји во светот кои поседуваат вкупно 60 отсто од светскиот бруто домашен производ, а тоа се Австралија, Канада, Кина, Франција, Германија, Јапонија, Мексико, Шведска, Велика Британија и САД.

Кога станува збор за подемот на Кина, тој беше забрзан со влезот на земјата во Светската трговска организација во 2000 година, според аналитичарите на „Мекинзија“.
Соединетите Држави, кои и го отстапија првото место на Кина, го удвоија своето национално богатство во последните 10 години, така што сега изнесува 90 милијарди .
И во Кина и во САД, повеќе од две третини од богатството е во рацете на 10 отсто од најбогатите семејства, се наведува во извештајот.
Околу 68% од светското богатство е во недвижен имот, според „Меккинзи“ и додава дека историската врска помеѓу растот на бруто домашниот производ и растот на богатството повеќе не важи, бидејќи растот на богатството го надминал раст на БДП. Причината за тоа ја гледаат во „ надуениот балон на цените на недвижностите“ и предупредуваат дека растот на вредноста на недвижностите може да биде нестабилен и да доведе до нова светска економска криза , слична на онаа од 2008 година.
Во случај да дојде до ваква криза, овојпат таа би можела силно да ја погоди Кина, додека претходниот пат ги потресе САД и да доведе до исчезнување на третина од светското богатство , пренесува „Блумберг“.
Финансиските средства не се вклучени во светското богатство, бидејќи се компензираат со обврски, наведува „МекКинси“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This