(Видео) Заев тврдеше дека народот не очеква СДСМ да глумат партиоти, а сега игра на таа карта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Како партија неколку пати се обидовме да играме на политики на патриотизмот. Но тоа на нашата партија не ѝ прилега. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса за во иднина, за да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти, изјави Зоран Заев во своето интервју за телевиија Алсат, а токму сега кога Македонија доби вето од Бугарија по негова вина игра на картата на патриотизмот.

Да се потсетиме дека опозицијата и стручната јавност го предупредуваше Заев и неговата Влада дека доколку го потпише договорот со Бугарија дава простор Бугарија понатаму да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

Отстапки кон Бугарија во делот на идентитетот и јазикот нема да има, категорични се шефот на државата Пендаровски и премиерот Заев. Тврдат дека до нив не стигнал официјален предлог за компромис.

„Се согласувам со претседателот Пендаровски дека нема преговори за идентитетот и јазикот. Но, меѓусебното разбирање внатре не носи кон она што го викаме реалност. Факт е дека имаме заедничка историја и ако бидеме паметни со доминантен фокус на иднината имаме можност да го искористиме тоа“, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This