Дански миниcтep cи пoднece ocтaвкa пopади мepкaтa зa yништyвaњe зapaзeни нyтpии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за храна и земјоделство на Данска изјави дека ќе се повлече од функцијата поради недовербата од пратениците, по незаконската владина наредба да се убијат заразени нутрии на фарми.

“Денес го информирав премиерот дека сакам да се повлечам од владата. Разбирам дека ја немам потребната поддршка меѓу пратениците”, објави на Твитер министерот за храна и земјоделство Могенс Јенсен.

Неговиот потег доаѓа по најголемата криза на владата од почетокот на пандемијата, откако тој нелегално наредил убивање на сите нутрии одгледувани во фарми за да се спречи ширењето на коронавирусот, вклучувајќи и новиот, мутиран вид, што се појавил на северот на земјата.

Пред две недели, владата им нареди на армијата и полицијата да им помогнат на сопствениците на фармите на нутрии да убијат 17 милиони од животните, одгледувани за нивното крзно.

Драстичната одлука на владата уследи откако здравствените власти соопштија дека нутриите претставува ризик за јавното здравје во земјата поради раширените инфекции на фармите, влошени со пронаоѓањето на мутиран вид на вирус, што според нив може да ја загрози ефикасноста на идните вакцини.

“Паметно е Могенс Јенсен да се повлече. Немаше друг начин “, напиша на Твитер политичкиот лидер на Социјалистичката народна партија, Пиа Олсен Дихр.

Опозициските партии ја поздравија одлуката на Јенсен, но сега го свртија вниманието кон премиерката Мете Фредериксен, за која велат дека е одговорна, и побараа независна истрага за постапките на владата

Довербата на Данците во владата падна во последните неколку недели по наредбата, покажало истражувањето на универзитетот Архус. Нешто повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во Владата во средината на ноември, помалку од јули, кога 75 проценти од испитаниците и верувале на владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This