(Видео) ИЛЈАДНИЦИ НА УЛИЦА: Американците пpoтecтиpaaт пpoтив pecтриктивните мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Моите права се важни“, „Отворете го Колорадо сега “ – Американците од повеќе сојузни држави протестираат против мерките за карантин.Освен што не ја почитуваа забраната за собири за повеќе од 50 луѓе, демонстрантите ниту држат соодветно растојание, ниту носат маски. Најмногу луѓе излегоа на улиците во Олимпија, Вашингтон, околу 25.000 на број.

„Се уште сме слободна држава, барем засега. Луѓето сами одлучуваат дали ќе држат соодветно растојание. Јас не можам да им го наметнам тоа.“

Демонстрантите реагираат дека карантинот кој според експертите е клучна мерка за справување со ширењето на вирусот, зададе тежок удар врз американската економија. Велат дека мора да работат, а не да седат дома. Само во текот на минатиот месец повеќе од 22 милиони Американци останале без работа. Во оваа земја ситуацијата останува критична. Според последните бројки во САД се заразиле околу 700 000, починале над 40 000, а се излечиле над 70 000 луѓе.

И додека расте бројот на заразени во САД, европските земји почнаа да ги ублажуваат мерките. Токму поради ваквиот потег, од СЗО предупредија дека намалувањето на интензитетот на ширење на заразата не значи и крај на пандемијата.Загриженост изразија за сиромашните земји кои потешко се справуваат со кризата.

Претходно САД ја обвини Кина, а Австралија побара меѓународна истрага за настанувањето и ширењето на корона вирусот. Засега е познато дека вирусот почна да се шири од пазарите во кинескиот град Вухан, каде сировото месо од разни животни се чува во несоодветни услови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This