(Видео) Инспекторатот на Град Скопје со вонpeден инспекциски надзор во градинка во Кисела Вода, Колариќ бара ocтавка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ пред неколку дена објави шокантна снимка од остранување на азбестен материјал од градинка при чие отстранување ниту се користи заштитна опрема од страна на работниците, а проблематично е што материјалот се отстранува во време кога во градинката се наоѓаат деца.

-Отстранувањето на материјалот што содржи азбест е сложена постапка и мора да го стори само специјалист изведувач. Отпадот од азбест е опасен и неправилното отстранување го зголемува ризикот од вдишување на влакна. Постојат детални правила за тоа како отпадот треба да се завитка, обележува и да се отстранува.

Дали правилата се запазени во денешниот случај кога во работен ден и полна градинка со дечиња се отстрануваат азбесни плочи???
Работници без заштита???
Дечиња имало и во градината???

Никој од вработените не бил информиран за работните активности???
Ова е градинката Синоличка во Кисела Вода, на истиот паркинг е општината и работното место на Филип Темелковски, секторот за заштита на животната средина, инспекторати, труд и социјална политика, здравство…
Кој ќе сноси одговорност???

Срам да ви биде на сите, ова е творевина во која не важат ни закони ни правила.
Европа!!!
Не ја барајте, далеку е од нас.

Поглавје за животна средина, уште 100 години не треба да добие прелазна оценка.

Тажни ти се жителите Кисела Вода но и болни (Охис, Усје, Дрисла, азбест, линдан, сулфур)…
Дечињата заслужуваат да бидат здрави и среќни, тргнете ги рацете од нив.

Ако незнаете прашајте, ако неможете оставка!
Има луѓе што умеат, напиша Колариќ.

Вчера Инспекторатот на Град Скопје на својата официјална Фејсбук страница објави дека е направен вонреден инцепкциски надзор во градинката од каде се отстрануваше азбестот.

-Направен е вонреден инспекциски надзор кај правен субјект ЈГД Весели Цветови- подружница Синоличка во општина Кисела Вода во врска со градежни активности реконструкција на кров односно отстранување на азбесни табли од страна на Спектар Термо ДОО Скопје при што е дадена забрана за продолжување градежните работи.

Децата престојуваа во вториот дел од градинката каде не се вршат градежни работи. Од страна на овластен инспектор за животна средина се задолжи директорката Станка Баџакова децата што се згрижени во објектот Синоличка да се префрлат во објектот Кокиче. Известен е и Државен инспекторат за животна средина инспекцискиот надзор сеуште е во тек, стои во објавата.

По ваквата објава на државниот инспекторат повторно се огласи Колариќ која побара оставка од директората на градинката.

-Немој да ве јаде ребро да прикривате докази! Оставка на Директорката е најмалку што очекувам веднаш, а потоа истражувајте, вели Колариќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This