Вучиќ: За две години да нema граници помеѓу нас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Ако за две години дојдеме до точка да немаме граници меѓу нас и камионите да можат слободно да минуваат, како и автомобилите, тогаш ми се чини дека постигнавме нешто за што сонувавме. Не сум сигурен колку сите ќе бидат среќни поради тоа во светот и Европа, но ние ќе бидеме среќни – изјави вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорите со претставниците на Македонија и Албанија .

Вучиќ, како и албанскиот претседател Еди Рама престојуваат во Скопје, каде ќе учествуваат на Форум организиран во рамките на „мини Шенген“.

– Многу добро се разбираме, гледаме што можеме да направиме заедно. Имаме дводневна средба во Белград. До 15 октомври, министрите треба да исполнат одредени обврски во врска со договорот од Скопје. Ќе видите многу од тоа пред крајот на годината. Во Албанија веќе можете да одите со лична карта. Наше е да направиме што повеќе можеме, изјавил Вучиќ.

Форумот е организиран во рамките на иницијативата „Мини Шенген“, која подразбира подлабока економска интеграција на регионот, засега три држави: Србија, Албанија и Македонија. Пристапувањето кон иницијативата е отворено и за другите економии од Западен Балкан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This