(Видео) ИНФОМАКС ВО ЖИВО ОД ПРЕД ИHФEKTИВНА: Пристигна првата донaциja од хуманитapната организација Свети Спас на Инфekтивна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска екипата на Инфомакс во живо известуваше од пред Инфективната клиника во Скопје каде се сместени поголем број заболени од опасниот коронавирус. Отец Оливер и Хуманитарната организација Свети Спас денеска доставија донација до клиниката во форма на храна и сок за здравствениот персонал.

-Хуманитарната организација Свети Спас, хуманитарна ораганизација на скопската епархија на МПЦ следи што се случува во Македонија и се обидуваме да помогнеме на секој можен начин. Доста луѓе во денешно време имаат потреба од помош па така ние како хуманитарна организација делиме сега интервентни пакети на семејства кои што имаат потреба, меѓутоа синоќа се јави една многу добра идеја, сопственикот на пицеријата Ла Гондола од Драчево изрази желба заедно со нас да изрази благодарност на вработените на Инфективната клиника која што моментално е во првите редови и се договоривме денес и од понеделник до петок да носиме пици и сокови за целиот персонал. Тоа е многу мал гест, но на некој начин да ја изразиме благодарноста за сето она што го прават за нас и Македонија, вели отец Оливер.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/289537318678749/?vh=e&d=n

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This