ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛИ ДА ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Не треба да заборавиме дека и МВР и АРМ имаат и резервен состав, но дали ќе се мобилизиpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛИ ДА ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС?! Терминот „полициски час“ во суштина е популарен назив за привременото ограничување на слободата на движење на граѓаните и претставува една од поинвазивните мерки кои државата може да им ја наметне на граѓаните. Токму заради инвазивноста на оваа мерка, таа се применува само во ситуации во кои е неопходна заради заштита на општеството и населението и воведувањето на оваа мерка е ограничено на неколку состојби: заштита на јавниот ред и мир, одбрана на Републиката, водење на кривични постапки или истраги од голем обем и заради спречување ширење на заразни болести.

Моменталната состојба во Република Македонија соодветствува со одобрување на примена на оваа мерка, затоа што покрај секојдневниот раст на бројот на заразени лица, ние се соочуваме и со еден друг феномен, а тоа е недисциплина и неодговорност кај голем дел од населението. Секојдневно сме сведоци дека на социјалните медиуми се споделуваат слики и видеа од собири на граѓани, го видовме видеото од Шуто Оризари, преполните тезги на Бит Пазар и уште многи блатантни прекршувања или непочитувања на апелите од надлежните институции. Да сумирам, јас лично сметам дека воведувањето на полициски час, додека не е предоцна, е добра идеја.
Е сега, да видиме дали сме подготвени за тоа.

Единствена светла точка во моментов се медицинскиот персонал, кој треба да ги третира веќе заболените и вооружените сили (армијата и полицијата) кои можат значително да помогнат во спречување на понатамошно ширење на вирусот, преку теренски активности и спроведување на полицискиот час. Но, дали и покрај најдобрите намери кои ги имаат АРМ и МВР, ќе можат ефективно да ја завршат својата работа и да ги исполнат дадените наредби? Очигледен факт е дека припадниците на МВР кои моментално се на терен немаат заштитна опрема или имаат само рудиментарна опрема, а се во близок контакт со заразени лица секојдневно (при проверки на домови на оние во изолација, при контрола на премини и слично), а припадниците на АРМ пак освен опремата за АБХО, која во најголем дел е амортизирана и застарена, во моментов исто така се неопремени. Другото прашање е математичко, дали МВР и АРМ имаат бројчани капацитети да спроведат полициски час?

Во момент кога голем дел единици се ангажирани и на јужната граница заради мигрантската криза, се поставува прашањето дали составот на МВР, кој брои околу 13 000 лица (од кои околу 10 000 се полициски службеници) и активниот состав на АРМ, кој според новата трансформација треба да брои 6 800 лица, можат да одговорат на предизвикот и да бидат распоредени на цела територија на Република Македонија, да патролираат и контролираат? Притоа, не треба да заборавиме дека и МВР и АРМ мораат да продолжат да ги вршат своите секојдневни обврски, како обезбедување гранични премини, заштита на лица, борба против криминал, стражарско обезбедување, мировни мисии, опслужување на касарните и другите воени објекти и слично? Секако, не треба да заборавиме дека и МВР и АРМ имаат и резервен состав (кој е прашање колку е ажуриран и оперативен) кој може да се мобилизира, но за тоа треба време и секако, дополнителни ресурси, кои во моментот ги нема. Во очекување на прогласување полициски час и на добивање одговор за погоре поставените прашања, засега толку.

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛИ ДА ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС?!Терминот „полициски час“ во суштина е популарен назив за…

Posted by Aleksandar Nacev on Saturday, March 21, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This