(ВИДЕО) ИСКОРИСТИЛ 99 ТЕЛЕФОНИ: Сакал да се пошегува со апликацијата Google Maps, па предизвикал метеж

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сајмон Векерт, уметник од Берлин, одлучил малку да си поигра со апликацијата “Google Maps” и да нѝ покаже како луѓето сè уште можат да го надмудрат виртуелниот свет.

Сајмон ставил 99 телефони со вклучена апликација во количка и со тоа предизвикал “виртуелен метеж” на патот. Овој експеримент уште еднаш докажува дека, иако често нѝ помага, технологијата понекогаш може да тргне и по “заобиколен пат”.

Кога ставил 99 мобилни телефони со вклучен “Google Maps” и локација во една количка, тој направил улицата по која поминувал, на мапата на “Google” да биде означена со црвена боја што значи дека таму има голем сообраќаен метеж.

Кога за првпат се возите по некој пат, веројатно користите “Google Maps” кој ви го покажува правецот по кој треба да се движите. Работата е во тоа што, иако постои пат со кој побрзо ќе стигнете до посакуваната дестинација, апликацијата ќе го избегне доколку истиот е блокиран.

Уште една важна работа која исто така треба да ја споменеме е што телефоните биле ставени во количка на тркала. Со тоа апликацијата уште еднаш била измамена бидејќи таа не ги регистрирала телефоните како луѓе, туку како автомобили.

Со тоа, Сајмон обезбедил неговата улица секогаш да биде без сообраќаен метеж бидејќи сите ќе ја избегнуваат мислејќи дека е блокирана со автомобили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This