(Видео) Мисајловски од Ѓорче Петров: Гласајте за Стојкоски за да почнат промените, да создадеме нова иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од овде од Ѓорче Петров сакам да ве повикам сите да излезете и да го дадете својот глас за кандидатот за градоначалник, Александар Стојкоски кој е хуман човек, човек кој го сака Ѓорче Петров и кој има визија за модерна и урбана општина, апелираше денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Исто така сакам да ги повикам граѓаните, додаде Мисајловски, да дадат поддршка и за листата на кандидати за советници во Советот на Ѓорче од ВМРО-ДПМНЕ, доктор Ленче Нелоска.

„Имаме кандидати за советници со кои ќе може да ги реализираме сите проекти. Има преку 200 проекти за Ѓорче, за во секое мало нов парк , нова улица, ново културно катче, се за граѓаните. Затоа до 17 октомври погледнете ја програмата уште еднаш и ќе се пронајдете во неа, затоа и гласајте. Масовно да дадеме поддршка за кандидатот Стојкоски и советничката листа”, рече Мисајловски.

Мисјаловски додаде „доста е да гледаме неработници, доста е со трошење на времето, време е за нова иднина.

„Затоа ве повикувам да гласате за Александар Стојкоски и листата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа за поубаво Ѓорче ве повикувам да гласате за нив и оттука да почнат промените”, рече Стојкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!
ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This