Дали и обвинителkaта Лиле Стефанова се вклучи во кампањата на СДCM?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителката Лиле Стефанова е вклучена во кампањата на СДСМ, коментираат присутните на денешното судење за случајот „Плацеви на Водно“.
Денеска во судот презентираше некаква скица од куќа во барок која, наводно, според тврдењата на Обвинителството, Груевски сакал да ја гради ама не ја изградил. Правниците велат дека бомбастичниот настап на обвинителката Стефанова е само фарса – сакал да купи ама не купил, сакал да гради, ама не градел.

-Во кратки црти пародијата на обвинителката Лиле Стефанова е следна: Груевски сакал да купи земја, ама не купил, ја купила фирма на нему непозната жена која тврди дека фирмата ја отворила по барање на газдата на фирмата каде работела -познат бизнисмен и која исто така потврдила дека никогаш во животот не го сретнала Груевски. Не побарал Груевски од бизнисменот да го купи земјиштето на јавен тендер, туку трето лице побарало, кое пак трето лице го негира тоа и вели дека нема ништо со тоа. Груевски лично никогаш не разговарал со бизнимснот кој ја купил земјата или со жената за тоа (што и двајцата го потврдуваат), а камоли да им нарачува и плаќа. Груевски планирал да ја плати на бизнисменот земјата и да ја превземе, ама никогаш не ја платил и не ја превземал, што го потврдил и самиот бизнисмен. Груевски планирал таа не купена од него и неплатена од него земја да ја продаде ама не ја продал. Нејасно е како би продал туѓа земја. Груевски планирал да изгради „барокна” куќа на туѓа земја, ама не ни почнал да гради куќа – коментираат правниците.

Според одбраната обвинителката Стефанова бара Груевски да биде осуден за перење пари и противправно збогатување за нешто што не го купил, не го платил, не го превземал во сопственост и владение и самиот тој не побарал да биде купено од тој кој купил, а согласно тоа не ја ни продал таа земја, ниту пак изградил нешто на туѓа земја.

-И после ќе кажат дека немало политички прогон – коментираат правниците, кои посочуваат дека самата обвинителка е под истрага на антикорупциската комисија за купен стан на име на нејзината тогаш невработена ќерка без покритие за заработените пари.

Приказната со повеќе детали:

1. Груевски наводно купил земјиште пд 2.700 мкв на Водно на јавен тендер.

2. Ама не го купил тој туку бизнисменот Александар Ивановски наречен Алек Тера Нова кој е под истрага во случајот Империја и под други истраги. Во неколку наврати е објавувано дека Алек Теранова се има понудено да биде соработник на ОЈО за што ќе им затреба, само да не оди во затвор.

3. Алек Тера Нова во тоа време лично се нема запознаено со Груевски ама според него некој трет му рекол да го купи земјиштето бидејќи наводно Груевски така сакал и Алек го купил со негови лично пари, како што изјавил.

4. Ама всушност не го купил ни Алек туку фирма на некоја негова вработена по име Тања.

Во јавноста веќе се зборува, а и објавувано во медиуми, Алек купувал имоти на име на други за да ги сокрие од сега веќе неговата поранешна сопруга со која односите подолго време не биле соодветни и се наѕирал развод кој оди заедно со поделба на имотот. Всушност Алек криел имот од сопругата и го купувал на име на вработени од доверба и под негова контрола.

5. Алек во обвинителството кажал и се потпишал дека го купил земјиштето на тендер ама со негови лични пари.

6. Алек исто така кажал дека ниту Груевски, ниту посредникот кој наводно му рекол да го купи земјиштето оти наводно Груевски така побарал, никогаш не му дале пари за земјиштето ниту пак го превземале земјиштето во владеење и сопственост и тоа си останало на негово име, на име на фирмата на вработената кај Алек, до ден денес, цели 11 години.

7. Најинтересен е денешниот настап на Стефанова.

Таа сега не само што тврди дека Груевски купил земја ама дека не купил тој туку друг, а и самиот сведок Алек тврди дека ниту добил пари за тоа од Груевски ниту му ја предал земјата во сопственост, туку и дека Груевски планирал да го продаде земјиштето за десет пати поскапо, ама не го продал.

Па потоа Стефанова тврди дека Груевски планирал да изгради куќа на туѓо земјиште, ама не изградил, односно не ни почнал да гради.

И тоа се доакзите на обвинителката Лиле Стафанова од кои деновиве медиумите под контрола на СДСМ треба предизборно да го скренат вниманието од катастрофалните политики на Заев и да влијаат на изборите а судот умешно ги темпира рочиштата каде Стефанова треба да ја изигра својата улога пред првиот и потоа пред вториот круг на локалните избори што нели е сосема случајно – велат правниците кои го анализираат овој судски предмет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This