(Видео) Најмалку 27 зaгинaти во пожap во koвид болница во Багдад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 27 лица загинаа, а 46 се повредени во пожар што избувна во болницата Ковид во Багдад, соопштија ирачки медицински извори од три блиски болници.

Пожар во болницата Ибн Катиб во ирачката престолнина избувна, веројатно, кога експлодира шише со кислород, објави Ројтерс.

Бројни амбулантни возила брзаа во болницата и ги пренесоа повредените во пожарот.

Пациентите кои не биле повредени исто така биле евакуирани од болницата, а раководителот на ирачката единица за цивилна одбрана рече дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега за пулмологија.

Според државната агенција ИНА, синоќа 90 од 120 пациенти биле извлечени од двокатната зграда на болницата Ковид .

Според последните информации, пожарот бил изгаснат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This