На собраниската седница што се одржа на 06.07.2021 г. пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, потенцираше дека се осврнал на РЕК и ЕЛЕМ бидејќи поради нив се намалува данокот, затоа што нивните загуби предизвикуваат да се покачи цената на струјата која што веќе е покачена.
– „Што сакаме да постигнеме, да кажеме на јавноста дека е купен мир и тишина со намалувањето. Бидејќи знаете дека има избори цената да не рипне 15%, намалуваме ДДВ што е незначително 40 милиони евра за буџетот бидејќи вие 2 ипол милијарди ја задолжувате државата и за вас 40 милиони не се пари“. – истакна Пренџов.
– „Второ, зошто сум се осврнал на РЕК и на ЕЛЕМ, затоа што заради тоа го намалуваме данокот, заради тоа што нивните загуби предизвикуваат да се покачи цената на струјата која што веќе се покачи“. – потенцираше Пренџов.