Од понеделник започнува теренска вакцинација во Гoстивар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој од гостиварскиот регион што е заинтересиран, ќе може да се вакцинира без најави и закажување. Од понеделник започнува теренската вакцинација на три локации. Освен во главниот, во градската болница, од понеделник, граѓаните против Ковид -19 ќе се вакцинираат два дена и на пунктовите во Чегране и Врапчиште, инфомрираат од Здравствен дом Гостивар.
Распоредот по кој ќе се врши теренското вакцинирање е утврден и се очекува тоа да се направи и за регионот околу Неготино, Полошко.
– Од понеделник нема веќе закажување на термини, како што досега беше во пунктот во модуларната болница. Од 12 јули во амбулантата во Чегране освен тамошните жители може да се вакцинираат и жителите на Форино и околните села. Мобилна екипа ќе вакцинира во селото Тумчевиште. Тимовите ќе бидат присутни и во Врапчиште каде може да се вакцинираат жителите од тој регион. Очекуваме да добиеме и насоки за отворање на пункт во Неготино, рече д-р Дафина Богданоска координаторката на пунктот за масовна вакцинација.
За да се избегнат турканици и мешаници, таа апелира граѓаните да одат во најблиските места и според местото на живеење и нема потреба да доаѓаат до градот.
Здравствените работници оценуваат дека вакцинирањето во Гостивар и околината бројката на вакцинирани надминува седум илјади, а само во последните две недели за имунизација се јавиле речиси пет илјади.
Богданоска информира дека во моментов на располагање се два типа на вакцини: „Синовак“ и „Астра Зенека“.
Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека денеска пристигнуваат 100 илјади вакцини на „Астра Зенека“, донација од соседна Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This