(ВИДЕО) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАДАГАСКАР: СЗО бара да го yкинeмe домашниот лeк за Koвид-19 од кој немаме ниту еден пoчинaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Мадагаскар, Андри Рахоелина рече дека единствената причина што глобалните институции одбиваат да прифатат нивниот природен органски лек „COVID Organics“ направен од растението „Артемизија“ кој лечел Ковид за 10 дена, е тоа што тој производ потекнува од Африка.

Ова го потврдува и весникот Танзаниска Перспектива, кој објаснува дека претседателот објавил дека домашниот лек од Мадагаскар, хербалниот лек наречен „COVID Organics“ направен од растението „Артемизија“ може да лечи пациенти со КОВИД-19 во рок од десет дена.

Исто така, појавувајќи се на „Франс 24 вести“, Рахоелина рече дека единствената причина што остатокот од светот одбил да го сфати сериозно третирањето на билките и со должна почит е тоа што тој производ потекнува од Африка.

„Мислам дека проблемот е во тоа што (напитокот) доаѓа од Африка и тие не можат да признаат… дека земја како Мадагаскар… излезе со оваа формула за да го спаси светот.”

„Да не беше Мадагаскар и да беше европска земја која го откри овој лек, ќе има ли толку сомнеж? Не мислам така“, рече Раоелина.

„Кој е проблемот со Covid-Organics прашуваат. Се прашувате дали причината за ваков сомнеж може да биде дека овој производ доаѓа од Африка“, додаде тој.

Претседателот исто така се запраша дали не е во ред за земја како Мадагаскар, која е 63-та најсиромашна земја во светот, да излезе со нешто што може да помогне во спасувањето на светот.

СЗО ги критикуваше ваквите природни терапевтски мерки против коронавирусот како овој во Мадагаскар. Како одговор на скептицизмот со кој СЗО го лекува COVID Organics, Рахоелина рече: „Ниту една земја или организација нема да нè спречи да одиме напред“.

Неколку други африкански земји, вклучително и, Танзанија, Гвинеја-Бисао, ДР Конго и Нигер, го увезуваат рецептот направен од Мадагаскар.

Контроверзите во Мадагаскар избувнаа неколку дена откако Танзанија го исфрли СЗО откако примероците од прч и папаја дојдоа со позитивни КОВИД-19 резултати. Со порастот на лажните случаи на Коронавирус, претседателот на Танзанија, Џон Магуфи, го исфрлил СЗО од земјата.

Инаку после Танзанија, Бурунди стана втора Африканска држава која го исфрли СЗО од својата земја за лажни и некомпететни податоци и тестови за КОВИД-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This