(Видео) Ристов: Создаваме нова иднина – Нова канализациона и водоводна мрежа, реконструкција на стадионот и нови велосипедски патеки, за урбано и модерно Конче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес ќе им порачаме на локалната власт и нивните послушници, улично осветлување и пристапни патишта мора да добијат сите граѓани подеднакво а не само послушниците на градоначалникот и членови од Локалната самоуправа. Општина Конче мора да биде Општина подеднакво за сите граѓани. Максимално ќе се вклучиме во изнаоѓање на реални решенија за земјоделците, сточарите, такси превозниците, стопанствениците и сите останати во нашата општина, порача Златко Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче на денешниот митинг.

Ристов истакна дека Конче не смее да биде повеќе општина во која ќе има проблем со водоснабдувањето, ветувајќи решавање на овој проблем.

Општина Конче не смее да биде општина во која во 21 век ќе има населени места кој се уште имаат проблеми со водоснабдување, кој имаат проблеми со канализациони мрежи или воопшто да ги немаат, истакна тој.

Ристов вети модерна и урбана општина Конче, поддршка за земјоделците, сточарите, стопанствениците, но и нови спортски објекти, велосипедски патеки, како и заживување на спортот.

Пристапните патишта до сите обработливи површини од страна на јавното претпријатие ќе се одржуваат редовно и навремено. Ќе воспоставиме контакти со истакнати земјоделски здруженија и сопственици за производство на раноградинарско и оранжериско производство, за можноста да се создадат услови за производство и во нашата општина, рече Ристов.

Општина Конче ќе ја направиме едно модерно и урбано место за живеење со тенденција за инфраструктурно поврзување со поголемите општини како што се општина Струмица, општина Штип, општина Валандово и останатите општини. Редовно и навремено ќе ја одржуваме изградената инфраструктура. Во делот на спортот и младите ќе вложиме големи средства за заживување на спортот како што се организирање на поголеми турнири во мал фудбал, изградба и реконструкција на веќе постоечките стадиони за голем фудбал во општината, и формирање на фудбалски клуб кој достојно ќе ја преставува општината во соодветните фудбалски лиги. Ќе изградиме големи велосипедски патеки со вкупна должина околу 50 километри, опфаќајќи ги повеќето населени места со можност за организирање на локални како и државни натпревари во велосипедизам кое нешто би придонело за развој на спортскиот туризам, изјави Ристов.

Ќе ги подржиме спортските здруженија како што се ловното здружение ,,Студенец ” со можност за организирање на ловен туризам со изнаоѓање решение околу обезбедување на службени возила за потребите на здружението!!Ќе го подржиме СИТЕ спортски клубови во општината, вети Ристов.

Ристов ја побара поддршката од страна на граѓаните на Конче, апелирајќи масовно да излезат и да заокружат 7, за нова иднина, проекти и промени.

Затоа ја бараме Вашата поддршка, и затоа гласајте за број 7, за да создадеме нова иднина, иднина со промени, иднина со проекти, иднина со големи победи, порача Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This